Според портпаролот Арсовски

Владата не се откажува од ветингот, има постапки против 83 судии

Владиниот портпарол Душко Арсовски денеска на прес-конференција рече дека Владата не се откажува од најавениот ветинг во правосудството, како и дека годинава се почнати постапки против 83 судии, за застареност  и несоодветно постапување по предмети и слично.

Арсовски појасни и дека државата може да даде само времена рамка за овој процес, а самиот процес треба да го завршат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

„Државата не може да ја направи филтрацијата. Овој процес треба да го завршат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Државата може да даде само временска рамка и начин како тоа да се направи. Според информациите што ги имаме од 2019 до 2020 година само Судскиот совет разреши осум судии, а оваа година се почнати постапки за 83 судии. Причините се застареност на предмети, несоодветно постапување по предмети и слично“, рече Арсовски.

Според него, целиот процес малку изгубил на интензитет поради пандемијата, бидејќи дел од судиите се заразени или во самоизолација поради контакт со заболен, но, како што рече, „како и да е, Владата не се откажува од овој процес и тоа ќе биде остварено“, порача Арсовски и дополни дека како дел од овој процес е проверката на имотот на судиите, а во кој е вклучена Државната комисија за спречување на корупцијата.

 

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе