Владата му дозволи на Југохром уште 2 години со 50 % од капацитетот да го загадува Тетово

Југохром, најголемиот загадувач на воздухот во Тетово, ќе има уште две години време да ги исполни еколошките стандарди.

За овие две години производството на Југохром ќе треба да биде преполовено, со што емисиите на штетнии гасови во Тетово ќе бидат намалени од 60 до 70%, реши вчера Владата на Република Македонија во врска со роковите за исполнувањето на европските еколошки стандарди.

„Ова е стратешка одлука на македонската Влада, базирана на еколошки, социјални и економски аргументи, но пред се базирано на еколошките стандарди. Досега 100 компании ги исполниле условите за обезбедување на интегрирана дозвола и исполнување на еколошките стандарди“, изјави заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски.

Челичaрницата на Макстил е веќе затворена и оваа компанија за 4 месеци се очекува да ги исполни еколошките стандарди и повторно да почне со работа.

Иако ќе биде намалено производтсвото, Југохром нема да има право да го намали бројот на работници под 1.100 од моменталниот 1.250 работници. Југохром 150 работници ќе може да ги прераспредели на други работни позиции, а доколку бидат отпуштени на привремен одмор тоа ќе може да биде најмногу 6 месеци и потоа ќе има обврска да ги врати на работа, информираат од Владата.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе