Владата ќе расправа за разрешување на Димова, Заев го поддржува предлогот

Од денеска почнува назначувањето на директорите на институциите кои се под надлежност на Владата. Дел од одлуките ќе бидат донесени денеска, а за дел ќе бидат донесени одлуки за распишување на конкурс бидејќи има институции кои своите раководни места ги бираат на конкурс, најави денеска премиерот Зоран Заев.

Одговарајќи на новинарски прашања по Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“, рече дека има и дел на одлуки со кои ќе се дадат јасни упатства на управни и надзорни одбори поставени од Владата за политичко постапување на раководни места. Заев верува дека овој процес ќе заврши за 10-15 дена, освен за оние места каде раководните лица се избираат на конкурс.

На денешната владина седница, според најавите, ќе биде разгледан и предлогот за разрешување на директорката на Националната агенција за европски програми, Лидија Димова. Заев смета дека има доволно аргументи за таа да биде разрешена од етички причини.

„Лично јас, тој предлог ќе го поддржам, односно доколку Владата се согласи, ќе дадеме сугестии до Управниот одбор да постапи заради етички дел. Другиот дел е нешто што го работат други институции, а тоа е за евентуална кривична одговорност за незаконско работење. Има доволен етички дел каде што треба да се понесе одговорност и се согласувам дека Владата треба да реагира за вакви прашања“, изјави тој.

Во однос на предлогот на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците да се формира широка техничка влада за справување со пандемијата, Заев вели дека секој предлог е достоен да биде разгледан, но оти сепак верува дека Владата има доволен капацитет да се справи со предизвиците.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе