Во соопштението на владината прес-служба се вели дека одлуката е донесена откако Владата го разгледала известувањето од Министерството за внатрешни работи, во кое што се информира за можноста за одземање на веќе дадено државјанство, што беше побарано од страна на Владата, на претходна владина седница.
Во соопштението се нагласува дека одлуката е донесена врз база на Законот за државјанство и дека „е задолжено Министерството за внатрешни работи да постапи веднаш по донесената одлука за поништување на одлуката за прием на Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија.
Медиумското откритие дека на Онишченко, личност блиска до Кремљ и на црната листа на САД, му е дадено државјанство наводно за да го развива коњичкиот спорт и да настапува за Македонија на меѓународни натпревари предизвика проблеми во релациите меѓу институциите. Се префрлаше одговорноста кој е надлежен, а се одржа и посебна седница во Собранието каде известување како Агенцијата за национална безбедност дала одобрение да му се издаде државјанство на Онишченко даде нејзиниот директор Виктор Димовски, кој посочи на пропуст на едно лице.