Владата го подготвува францускиот предлог за во Собрание

Владата уште денеска може да го испрати до Собранието францускиот предлог за кревање на бугарското вето и отворање преговори на Македонија со ЕУ, заедно со билатералниот протокол со Бугарија и останатите придружни документи, најави вицепремиерот за политички систем Артан Груби. 

Според Груби, Владата нема да одлучува за францускиот предлог, туку, само ќе го проследи до Собранието. Собранието ќе одлучува за францускиот предлог и ќе ја задолжи владата за следните активности во однос на целиот пакет.

„Ќе ги проследиме најбрзо што е можно. Сметам дека тоа е можно и денеска. Нема да поминат на Влада, туку ќе се проследат до Собранието. Владата нема да одлучува за овие прашања без тие документи да дојдат во Собранието, да се усогласат и Собранието да ја задолжи Владата да постапува по тие документи. Документите нема да се усвојат во Владата, ни треба став од Собранието за тие документи. Во Собранието веќе е почнат дијалог меѓу партиите и го поздравувам вклучувањето на опозицијата за сите тие прашања, но мора да бидеме и реалистични што може да промениме, што не може да промениме и со што ние можеме да ги задолжиме нашите институции. Ви гарантирам дека ниту Ковачевски, ниту Спасовски, ниту Маричиќ, Османи, Груби, ниту кој било нема да донесе одлука со којашто во било која форма се оспорува македонскиот јазик, идентитет, културна и духовна посебност. Јас прв нема за такво нешто да гласам”, изјави Груби, одговарајќи на прашањето кога би се испратиле документите во Собрание.

Според него, ниту премиерот Ковачевски ниту кој било друг министер од Владата не би поддржал и не би гласал за преговарачка рамка која би значела асимилација и бугаризација на Македонците. Притоа го повтори ставот дека во францускиот предлог не е содржан билатералниот протокол со Бугарија и дека преговарачката рамка не задира во македонскиот идентитет и јазичната, културната и историската посебност на Македонците.

Владата за денеска во 11 часот има закажано затворена седница.

 

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе