Според информациите од политичките кругови, најверојатно Џафери како датум за избори ќе се определи за 20 август, кога ќе се одржи гласање за избор на градоначалници на општините Маврово-Ростуше и Центар Жупа.
Претходно, како што објави МКД.мк, тетовските советници од граѓанската иницијатива Подобро за Тетово реагираа дека ако Владата донесе одлука за распуштање на Советот дека таа ќе биде еднаква на нула, односно правно ништовна, бидејќи, велат, се пробиени роковите за реакција во однос на роковите за завршната сметка на Општина Тетово.
Хамди Сулемани советник од Подобро за Тетово ни изјави дека подготвуваат реакција поради решението на Владата.
Завршната сметка требаше да биде донесена до 31 март, но советниците од ДУИ, Беса и ВМРО-ДПМНЕ не обезбедиле мнозинство за гласање.
П.Џ.