Владата донесе решение за распуштање на Советот на Општина Тетово

Владата на денешната седница донела решение за распуштање на Советот на Општина Тетово, дознава МКД.мк. Решението е донесено врз база на информацијата поднесена од Министерството за локална самоуправа во која, повикувајќи се на законските одредби, е наведено дека Советот до 31 март не ја донесе завршната сметка за 2021 година и дека поради тоа треба да се оди на избори. Постапката од Владата се сели во Собранието на Македонија, во надлежност на претседателот Талат Џафер е одлуката за распишување на избори.

Според информациите од политичките кругови, најверојатно Џафери како датум за избори ќе се определи за 20 август, кога ќе се одржи гласање за избор на градоначалници на општините Маврово-Ростуше и Центар Жупа.

Претходно, како што објави МКД.мк, тетовските советници од граѓанската иницијатива Подобро за Тетово реагираа дека ако Владата донесе одлука за распуштање на Советот дека таа ќе биде еднаква на нула, односно правно ништовна, бидејќи, велат, се пробиени роковите за реакција во однос на роковите за завршната сметка на Општина Тетово.

Хамди Сулемани советник од Подобро за Тетово ни изјави дека подготвуваат реакција поради решението на Владата.

Завршната сметка требаше да биде донесена до 31 март, но советниците од ДУИ, Беса и ВМРО-ДПМНЕ не обезбедиле мнозинство за гласање.

П.Џ.

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе