Владата до Собранието ќе ја испрати номинацијата на Пенов за министер за локална самоуправа, Ковачевски вели дека нема да има други промени во Владата

Владата денеска ќе ја испрати во Собранието номинацијата на Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа,  откако претходно ја прати и оставката од таа функција на неговиот сопартиец од ЛДП – Горан Милевски, најави вчера премиерот Димитар Ковачевски.

Милевски на 20 септември годинава поднесе оставка од функцијата, од, како што информира, лични причини.

Претходно Ковачевски изјави дека во моментов нема никаква најава за какви било промени во владиниот состав.

„Јас знам дека ДУИ за 15 октомври има најавено избор на претседателство, но нема никаква најава во моментов за какви било промени во владиниот состав“, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање дали очекува промени во владината структура по најавите на ДУИ за внатрепартиско реформирање. 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе