Благоевград

Виножито ги поздрави браќата од Бугарија, „ова е голем ден за вас, но и за нас“

Со вас сме цело време, со цело наше срце и сите наши мисли, се вели во поздравното писмото на Виножито, македонската партија од Грција до Македонците од Бугарија кои денеска го отвораат македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Претставници на Виножито не присуствуваа на денешниот настан.

Отворањето на македонски културен клуб во нашата Горна Џумаја, се вели во писмото на Виножито, е уште еден чекор во вашата борба за остварување на нашите права како луѓе и како Македонци во една држава. Држава која како и нашата, сѐ уште не нѐ  признава и не нѐ почитува. „Знаеме како е тоа чувство, го чувствуваме длабоко во нашите души повеќе од 120 години. Но тука сме, не подлегнуваме и нема да го сториме тоа ниту денес, ни утре, сѐ додека не победиме. За нас нашите предци кои гинеа за Македонија, за нашите деца кои мора да се чувствуваат горди за тоа што се и да живеат во еден подобар свет. Таа наша победа е исто така важна и за нашите држави, Грција и Бугарија. Кога победуваме ние, тоа не значи дека тие се поразени. Напротив. Нашата борба е нашиот придонес  за демократизацијата на нашите општества кои конечно треба да станат европски. Токму затоа е денес голем ден за вас, но и за нас. Оти е еден чекор кон правецот на слободата и на демократијата. Вашата борба е и наша борба. Вашата радост е и наша радост. Вашата конечна победа ќе биде и наша конечна победа. Секако дека имаме уште. Долг е патот пред нас. Но, како што напишал и големиот Никола Вапцаров, ‘поарно да го ловиш вeтерот отколку да седиш и да плачеш’. Плачевме и болевме премногу. Тука сме на отворањето на вашиот клуб денес, нешто што пред неколку години изгледало невозможно. Тоа е доказ дека можеме дури и ветерот да го победиме. Бидете живи и здрави. Вашите браќа и сестри од Виножито, Егејска Македонија“, се вели во писмото на Македонците од Грција.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе