Филипче нема веќе да биде министер за здравство, Заев министерското место ѝ го даде на Алтернатива

Венко Филипче нема повеќе да раководи со Министерството за здравство. Алтернатива ги доби министерствата за здравство и информатичка технологија. Министрите ќе стапат на должност во Владата што ќе ја формира новиот мандатар, а тој ќе биде новиот лидер на СДСМ. Венко Филипче си заминува од Министерството за здравство, а најверојатен негов наследник ќе биде Беким Сали, кој е генерален секретар на Алтернатива и беше кандидат за градоначалник на Чаир на локалните избори.

Премиерот Зоран Заев и Африм Гаши го потпишаа денеска договорот за влегување на Алтернатива во Владата и со тоа парламентарното мнозинство се зголеми на 64 пратеници и, барем во овој момент, ѝ се стави крај на владината криза. Заев и Гаши најавија дека новото мнозинство има цел да го „истера“ мандатот до 2024 година.

Алтернатива ќе добие три министерски места во Владата, едно ќе ѝ отстапи СДСМ, едно ДУИ, а ќе има министер без ресор задолжен за дијаспората.

Венко Филипче си заминува од Министерството за здравство, а Јетон Шаќири си заминува од Министерството за информатичко општество и администрација, но не се знае кој би бил неговиот можен наследник.

Заев рече дека Филипче бил најдобар министер за здравство што досега го имала државата, но во интерес на иднината на државата, почетокот на преговорите со ЕУ и стабилноста на мнозинството со влегувањето на Алтернатива, некои компромиси морале да се направат.

Тој изјави дека нема промени во неговата одлука да си замине од премиерското место, дека останува на оваа функција уште дваесетина дена додека се избере новиот лидер на СДСМ на 12 декември и дека првиот човек на партија ќе биде и следниот мандатар, кој потоа ќе ја формира и новата влада.

Заев отворено изјави дека очекува Димитар Ковачевски да биде новиот претседател на СДСМ и премиер, иако на гласањето на членовите на партијата идната недела учествуваат „тројца другари".

Заев додаде дека новите министри нема да бидат во владата која тој ја води уште неколку недели, туку дека ќе станат дел од Владата која ќе ја формира идниот мандатар.

„Јас сметам на Филипче во мојот приватен живот, ние сме пријатели и сега кога двајцата ќе бидеме ослободени од политичките функции, ќе имаме повеќе време да се дружиме", рече Заев, објаснувајќи ги односите со министерот и неврохирург Венко Филипче.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе