Реакција

Вељаноски: И порано без избран претседател се конституирало Собранието

Ова не е прв случај да не биде избран претседател на Собранието, а претседателот на државата да бидe известен дека е конституирано Собранието, реагира поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски на информацијата од кабинетот на претседателот на државата.

Вчера од кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски информираа дека „во 2016 година, тогашниот претседавач, Трајко Вељаноски испратил допис на 30 декември 2016 година, со кое го информира тогашниот претседател Иванов дека Собранието е конституирано со верификација на мандатите иако не е избран претседател“.

Вељаноски во денешната изјава појаснува дека тоа не бил прв случај.

„Прв таков случај беше во 2006 година при конституирање на петиот парламентарен состав на конститутивната седницата одржана на 27 јули 2006 година тогашниот претседавач со конститутивната седница г-н Стојан Андов ја прекина седницата после третата точка без да се изврши избор на претседател на Собранието на РМ  бидејќи немаше предлог за претседател на Собранието на РМ  и ја одложи седницата. Но истовремено на ден  27 јули 2006 година  Андов како претседавач, а не како претседател на Собранието на РМ го известува претседателот на  РМ дека е конститутирано Собранието иако не беше избран претседател на Собранието на РМ и врз основа на тој допис од претседавачот тогашниот претседател на РМ г-н Бранко Црвенковски на 28 јули 2006 година  го достави мандатот на тогашниот мандатор (за ова нека си проверат во архивата на претседателот на државата и во архивата на Собранието).

Но за среќа тогашниот претседавач г-н Стојан Андов не беше суден за тероризам во тоа време“, се вели во писмената изјава на Вељаноски.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе