Изјава на поранешниот собраниски спикер

Вељаноски: Џафери мора во среда да го има мислењето за референдумот та бил или не бил во странство

Дали е дома или е во странство, собранискиот спикер Талат Џафери најдоцна до среда мора да го прими мислењето за иницијативата за референдум поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, тврди поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски и нагласува дека не е бигтно соопштението на собраниската прес-служба во кое се вели дека Џафери не ја примил доставената иницијатива бидејќи е заминат во странство. Според Вељаноски, иницијативата е чиста како солза, референдумот не се однесува за прашања за кои се бара Бадинтерово мнозинство, а за кавки не е дозволено организирање референдум.

Вељаноски објаснува дека Законодавно-правната комисија и Комисијата за политички систем се должни во рок од два работни дена да се произнесат дали иницијативата е уредна или е неуредна, а со оглед на тоа што иницијативата беше вчера поднесена во Собранието, крајниот рок кога треба да пристигне мислењето кај собранискиот спикер истекува во првите два дена по викендот, односно во вторник на полноќ.

„Воопшто не држи вода оправдувањето дека иницијативата за референдум сѐ уште не стасала кај собранискиот спикер, оти тој бил во странство. Тој, доколку сака, може да биде и цел месец отсутен од земјава, но тоа не значи дека собраниските служби не работат и дека не можат да ја достават иницијативата до комисиите. Член 191 став 1 од собранискиот Деловник вели дека иницијативата треба веднаш да се достави до собраниските комисии. А тој термин „веднаш" всушност значи „сега", или уште попрецизно: „денеска". Но со оглед на тоа што иницијативата беше поднесена во петокот, тоа значи таа уште истиот ден треба да биде доставена до комисиите. Значи, претседателот на Собранието сега не се произнесува дали иницијативата е исправна или не е исправна, туку само ја доставува. Член 191 став 2 од Деловникот, пак, ги обврзува Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија во рок од два работни дена да му достават мислење на претседателот на Собранието, односно да се произнесат дали иницијативата е уредна или не е уредна. А штом иницијативата беше поднесена во текот на вчерашниот ден, тоа значи дека комисиите најдоцна до среда имаат време да му достават мислење на спикерот. И откако претседателот на Собранието најдоцна до среда ќе го добие мислењето, ако тоа мислење е позитивно, тогаш тој согласно член 192 од Деловникот ги известува предлагачите дека е иницијативата е уредна. Ако мислењето е негативно, тогаш согласно член 67 став 5 Законот за референдум во рок од 15 дена закажува пленарна седница на која Собранието се произнесува за неуредноста на иницијативата“, вели Вељаноски во разговор за Плусинфо,

Тој смета дека ако се почитува Деловникот на Собранието, мислењето на собраниските комисии во поглед на иницијативата за референдум со сигурност ќе биде позитивно, оти, како посочува, сите услови се исполнети.

„ Нема што овде да е негативно. Сѐ е чисто и сите услови се исполнети. Прво, собрани се минимум 100 потписи и референдумското прашање е формулирано согласно Законот за референдум и не е спротивно на Член 28 став 3 од Законот за референдум, кој вели дека не може да се распише референдум за прашања кои се гласаат со Бадентерово мнозинство. Овој закон за ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија, согласно стенограмите, изгласан на седницата број 30 одржана на 15 јануари 2018 година, не се гласал со Бадентерово мнозинство. Тоа значи дека иницијативата за референдум е чиста како солза. Затоа, доколку се почитува Деловникот, најдоцна до среда следнава недела треба да има позитивно мислење во Собранието“, објаснува Вељаноски.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вчера официјално ја поднесе иницијативата до Собранието, а координаторот Никола Мицевски изјави дека успеале да соберат повеќе од 650 потписи за помалку од половина час.

Сепак, собраниските служби вчера, како што веќе објавивме, ги информираа новинарите дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, сѐ уште ја нема примено иницијативата, оти се наоѓал надвор од државата.

„Џафери е надвор од државата. Во моментот кога ќе ја прими ќе бидете информирани на време“, информираше вчера прес-службата.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе