Вечерва во Прилеп со импровизираниот напад и огномет почнува одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание

Со традиционалниот импровизиран напад пред Меморијалниот музеј 11 Октомври и со огномет, вечер Прилеп го почнува одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание и 81 годишната од почетокот на антифашистичката борба во 1941.

Традиционалниот импровизиран напад вечер од 19,45 часот на некогашниот Участак, денес Меморијален музеј 11 Октомври е потсетување на виорните настани пред 81 година кога со нападот на тогашниот Участак на групите на партизанскиот одред „Гоце Делчев“ е означен почетокот на антифашистичката борба во Втората светска војна. На прилепчани, на камената бина на плоштадот „Александрија“ ќе им се обрати градоначалникот Борче Јовчески. Октетот „Прилеп“ ќе одржи концерт, а потоа и бендот „Peaches“.

Традиционално вечер и утре на празникот Меморијалниот музеј „11Октомври“ е отворен за посетителите.

Во чест на празникот од 20 часот во Центарот за современа ликовна уметност ќе биде отворена изложбата на Зоран Кардула под наслов „Star Wars & Makedonium“. 

Утре на празникот, делегации од владата предводена од министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, делегација на борците, од локалната самоуправа, на здруженија и граѓани ќе положат цвеќиња и ќе се поклонат пред споменикот на Методија Андонов Ченто, првиот претседател на президиумот на АСНОМ, пред споменикот на идеологот на народната револуција Кузман Јосифоски Питу и на Могилата на непобедените каде се моштите на 650 борци од НОБ и Револуцијата. Чествувањата утре почнуваат од 9,30 часот.

Во рамките на одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание, во центарот на Прилеп утре од 10 до 15 часот ќе се одржува автомобилско шоу.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе