Порака за македонските власти

Вархеји: Важно е изборите да бидат фер и да има време за кампања

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, на прес-конференција денеска порача дека ќе контактира со македонските власти за гаранции дека има доволно време за изборна кампања и дека изборите ќе бидат фер, јавува МИА од Брисел.

„Ја видов најавата на Владата дека има намера да одржи избори на почетокот на јули, треба да ги погледнам деталите, она што засега можам да го кажам е дека изборите треба да бидат фер и слободни и да има доволно време за кампања, можност за партиите да водат кампања. Треба да видиме и како ова може да се имплементира според ковид правилата. Ќе го отворам ова прашање со македонските власти затоа што е многу важно да се обезбеди дека изборите ќе бидат целосно фер“, изјавил Вархеји.

Тој, исто така најавил дека преговарачката рамка за Македонија и Албанија ќе биде објавена „во наредните денови“ и дека целта на Европската Комисија е прашањето да се стави на масата на министрите за европски и надворешни работи на ЕУ идната недела.

Инаку, извештаите за напредокот на земјите од регионот се одложени за есен.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе