В понеделник ќе се знае кога Собранието ќе расправа за францускиот предлог, вели Џафери

Претседателот на Собранието Талат Џафери во изјава за МИА најавува дека на редовната понеделничка координација во Собранието ќе се разговара за тоа кога би можело да се одржи пленарната седница за Информацијата за содржината на францускиот предлог.

На координацијата в понеделник, како што кажал, како владин претставник ќе присуствува вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.

„В понеделник имаме координација на која ќе присуствува и владиниот претставник и ќе разговараме. Ќе се направи проценка. Материјалот е дојден во Собранието, но в понеделник треба да почне седницата за ребалансот на Буџетот”, вели Џафери.

Тој појаснува дека пленарната седница со единствена точка на дневниот ред за ребаланс на Буџетот, треба да трае најмногу пет дена и е закажана согласно роковите и оти мора да почне, но доколку има потреба ќе биде прекината и ќе биде закажана нова седница на која на дневен ред би била Информацијата испратена од Владата.

Имајќи предвид дека до Собранието беше испратена само Информација, а не и документите односно францускиот предлог, Џафери вели дека сите документи се веќе јавно достапни и секој може да ги види.

Информацијата за францускиот предлог Владата го испрати до Собранието вчера, а согласно процедурите, материјалот е доставен до пратениците, но во него не се содржани францускиот предлог и пропратните документи. 

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе