Утре во Собранието ќе се расправа за францускиот предлог, а ќе се обрати и претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

Собранието на Македонија за утре во 13 часот закажа седница на која треба да се обрати претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Половина час подоцна закажана е и седница на чиј дневен ред ќе биде Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка.

По барањата на опозицијата пратениците да ги имаат сите документи од пакетот на францускиот предлог за надминување на проблемите со бугарското вето и почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ, Владата вчера до Собранието испратени дополнување на претходно испратената информација. Но и во тоа дополнување повторно го нема протоколот од предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на претседателството на Франција на 30 јуни.

Власта останува на ставот дека францускиот предлог е добар и оти треба да се прифати за да се крене бугарското вето и да се откочи процесот на евроинтеграција на земјава. Опозицијата е со спротивен став, а необјавувањето на протоколот и неговата содржина, според неа, фрла дополнителен сомнеж на тоа што го прави власта.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера оцени дека се неосновани стравувањата за бугаризација и дека станува збор за шпекулации што се користат за некој да добие политички поени.

Во оваа фаза, потенцира Османи, нема почиста формулација за јазикот како што има во рамката предложена од француското претседателство. Рамката нема врска со протоколот, а протоколот ќе биде објавен, како што рече шефот на дипломатијата, пред неговата средба со бугарската министерка Теодора Генчовска.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, вчера изјави дека тоа што протоколот се уште не е објавен и не се знае што тој содржи говори за тоа дека власта, како што рече, на шверцерски начин сака да го протурка францускиот предлог.

„Суштината е протоколот. Протоколот ниту е доставен, ниту пак мислам дека ќе го достават, затоа што планираат на шверцерски начин да го протнат сето ова, како што впрочем така прават изминативе пет години“, изјави Мицкоски на вчерашниот протест против францускиот предлог.

Според него, нема логика во тврдењата дека протоколот прво треба да биде потпишан, па потоа да се објави неговата содржина.

Тој од пратениците на СДСМ побара да да го одбијат предлогот и да не гласаат за информацијата во Собранието, а тој за возврат рече дека ќе се откаже од барањето за предвремени избори.

Ставот на Демократскиот сојуз, кој е дел од владејачкото мнозинство, е дека треба да се обезбеди поширок консензус во однос на предлог-заклучоците во врска со францускиот предлог од сите партии во Собранието, и од власта и од опозиција. Претседателот на партијата, Павле Трајанов, нагласи дека доколку „не се создаде единство околу оваа преговарачка рамка“, тогаш ДС нема да ја поддржи.

„Ставот на Демократскиот сојуз околу ова стратешко прашање е дека треба да се обезбеди поширок консензус. Во таа насока Парламентот треба да донесе заклучоци прифатливи за мнозинството пратеници, односно за сите важни политички партии застапени во Парламентот, вклучително и опозицијата“, рече Трајанов.

 

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе