Утре дигитален конгрес на СДСМ

Утре СДСМ ќе го одржи 25-от конгрес, коj за прв пат во земјава ќе биде дигитален, користејќи современи дигитални платформи и алатки. Првиот дигитален конгрес на СДСМ ќе се одржи преку платформата Зум (ZOOM), заради заштита на здравјето на граѓаните, делегатите, медиумските работници и со целосно почитување на мерките и препораките за зашитита од ковид -19.

Конгресот ќе го отвори и ќе го води претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Конгресот ќе има отворен и работен дел со соодветен пренос во живо и можности за медиумите да преземат видео материјал со висока резолуција.

Медиумите ќе можат да го проследат отворениот дел од конгресот во живо, со обезбден превод на три јазици (македонски, албански и англиски јазик).

По завршување на конгресот Заев,ќе одржи прес-конференција на која ќе ги презентира одлуките донесени на конгресот.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе