Покана за новинари

Уште неизгласана нова влада, за Николовски најавен настан како министер за земјоделство

„Утре, 17.01.2022 година (понеделник), заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, ќе му ја предаде функцијата на новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски“, се вели во соопштението од Министерството за земјоделство и се додава дека „настанот ќе се одржи на откупен пункт на тутун, во населба Драчево“.

Инаку, на функцијата министер за земјоделство беше Арјанит Хоџа од Движењето Беса, кој поднесе оставка откако Беса најави дека ќе ја напушти Владата, додека Николовски, кој е вицепремиер за борба со криминалот и корупцијата во заминување, е избор на мандатарот Димитар Ковачевски за ресорот земјоделство.

До полноќ во Собранието на Македонија треба да се гласа за избор на нова Влада, за што е потребно мнозинство од 61 пратеник. Владејачкото мнозинство брои 64 пратеници.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе