Уште едно „за“ и „против“ меѓу опозицијата и власта – референдумот

Поделени се мислењата на македонската политичка сцена за предложениот референдум за потпишаните документи за почеток на преговорите за членство во ЕУ и надминување на бугарското вето. Опозицијата вели: „Македонија е во чудна ситуација“.

За ВМРО-ДПМНЕ нема дилеми дека треба референдум, но кај нив во тек се консултациите за деталите околу тоа каква форма ќе биде референдумот - задолжителна, консултативна, кога би се оддржал тој референдум, кој би го поднел, дали пратениците, дали тоа ќе бидат 150 илјади граѓани, дали ќе биде референдум претходен или последователен, дали ќе се однесува на преговарачката рамка или на делот на преговарачката рамка кој што се повикува на билатералниот договор со Бугарија и изворот на проблемите, а тоа е Протоколот, велат од партијата. Тоа се работите кои треба да го заштитат македонскиот идентитет, изјави Христијан Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ. За владините партнери нема потреба од тоа.

Опозицијата не отстапува од идејата граѓаните преку референдум да го искажат своето мислење за преговарачката рамка со Бугарија и за тоа дали треба да се отвори Уставот за да се внесат Бугарите во него. СДСМ знае дека ќе доживее дебакл, затоа не поддржува референдум, предавникот Ковачевски ја чува фотелјата, соопшти утрово ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ знае дека ќе доживее дебакл, затоа не поддржува референдум, предавникот Ковачевски ја чува фотељата. Ако СДСМ беа уверени дека договорот кој го постигнале и протоколот кој го потпишале се толку добри, тогаш немаше да имаат проблем да излезат на референдум. СДСМ знаат дека договорот е лош и дека е на штета на македонскиот јазик, идентитет и историја, и затоа бегаат од референдум. На СДСМ им е страв од народот кој масовно се обедини против бугаризацијата планирана од предавникот Ковачевски. Тој се крие и зад пратениците на СДСМ и зад владага во целост, бега од референдум и само се бори да ја зачува позицијата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Има една чудна состојба, а тоа е дека противници на ваквото референдумско изјаснување на граѓаните е власта и оние инсталации на власта во опозицијата, изјави синоќа Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа е една чудна ситуација која ги обединува тие инсталации на власта во опозицијата и самата власт. Но откако го поддржаа оној лист хартија во Собранието имам дилема дали се воопшто во опозиција или се резервна варијанта или базен за пратеници на власта. Тука веќе имам јас дилема каде тие припаѓаат. За да се идентификуваат себеси како опозиција треба во јавноста да излезат со ставови со кои ќе ја критикуваат власта, изјави Мицкоски.

Оваа негова изјава веднаш предизвика реакции од Алијанса за Албанците и од Беса.

Од владејачката СДСМ, сметаат дека само лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица се единствените кои сакаат референдум.

„Христијан Мицкоски призна дека тој и Димитар Апасиев се сами и изолирани против ЕУ и немаат поддршка ниту од другите опозициски партии. Причините за проблемите во својата партија, во опозициските редови, Мицкоски многу наивно се обидува да ги префрли кај некој друг, но за тоа треба да си се погледне самиот себе си. Целото свое политичко делување Мицкоски го сведе на ширење лаги, манипулации, на крвави сценарија, обиди за блокада на државата и европската иднина на граѓаните“, соопшти од СДСМ.

A.Д.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе