Уште еден „добрососедски“ абер од Бугарија, за Радев и Берлинскиот конгрес е проблем за бугарската кауза

Неправедниот Берлински конгрес ги остави македонските Бугари надвор од граничната бразда на Слободна Бугарија, но не успеа да им ја одземе надежта дека не е далеку денот на повторното обединување со Татковината, напиша деновиве бугарскиот претседател Румен Радев на својот официјален претседателски фејсбук-профил по повод Денот на слободата на Петрич.

Санстефанска Бугарија е непреболената болка на Бугарите. Берлинскиот конгрес се одржа само три месеци по потпишувањето на Санстефанскиот договор и претставува всушност ревизија на Санстефанскиот договор за да го спречи ширењето на руското влијание на Балканот.

За Радев македонските Бугари се нераскинлив, животворен дел од заедничкиот духовен и културен простор на бугарскиот народ.   „...Во војните за национално обединување, македонските Бугари се бореа рамо до рамо со своите браќа од Слободна Бугарија. Слободата на Пиринска Македонија стана штит за локалното население. Во спас од насилната дебугаризација и погромите врз бугарската самосвест и меморијата на предците. Како штит против сурово наметнатите туѓи доктрини, кои имаа една цел - да избришат сѐ што е бугарско.

Денес Пиринска Македонија продолжува да биде тврдина на бугарството, на патриотизмот и на историската вистина, која и денес ни е потребна. Тука сè уште жестоко се бранат честа и достоинството на македонските Бугари, нивните вековни традиции и каузи.

И не може да биде поинаку. Бранителите на бугарската земја повеќе од еден милениум со крв ја полеваат Беласица. Во нашата национална меморија живее споменот за подвигот на Самуиловите воини, за самоодрекувањето на генерациите преродбеници и револуционери, за славните страници на војните за национално обединување.

Да ги наведнеме главите денеска во знак на длабока благодарност кон сите оние кои ги дадоа своите животи пред олтарот на Татковината. А нивното херојство и самооткажување нека биде обврска за сите нас да продолжиме да го браниме бугарскиот дух во Пиринска Македонија“, напиша Радев на својот фејсбук-профил по прославата во Петрич.

Со членот 23 од Берлинскиот договор Македонија практично се конституира како автономна област во своите геополитички и етнички граници во рамките на Турската империја. На овој начин Македонија стана субјект во меѓународните односи и се здоби со признавање како „етнички територијална единица со елементи на своја самобитност и самоуправување“.

Со Санстефанскиот договор, Бугарија добива огромни територии од Отоманската империја, вклучувајќи ја целата територија на географска Македонија, но и делови од денешна Србија (Пирот, Врање) и Албанија (Корча). Со Берлинскиот конгрес, оваа ситуација е значајно изменета, при што Источна Румелија повторно станала oтоманска провинција, како и Македонија. Исто така, денешни делови од Србија и Романија биле доделени на тие земји.

Иако Санстефанскиот договор живеел само три месеци, тој создал во Бугарија фикција за Голема Бугарија, која иако никогаш не се реализирала, сепак, подоцна ќе биде главен поттикнувач на големобугарските амбиции и сериозен фактор за нестабилноста на Балканот.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе