Уште 43 авганистански граѓани заминаа од Македонија

Нова група од 43 авганистански граѓани замина од  Македонија откако за нив била подготвена потребната документација за влез во трета земја како нивно трајно прибежиште, информира владината прес-служба.

„Нашите институции, во текот на привремениот престој овде им ја овозможија целата потребна поддршка, а трошоците беа покриени од меѓународните организации.

Овие цивили беа спасени во големата меѓународна операција за помош на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти и нивни семејства, а се под закана на новиот талибански режим во Авганистан”, се наведува во соопштението.

Во моментов во земјава престојуваат 505 авганистански граѓани, а од Македонија досега заминаа 128 лица на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија, Бразил и САД.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе