Управата за извршување на санкции демантира дека припадници на затворската полиција малтретирале член на Левица

Управата за извршување на санкции демантира какво било организирано учество на припадници на затворската полиција во малтретирање на член на политичката партија Левица за време на прославата на државниот празник Илинден во Крушево, соопшти денеска Управата.

„Управата за извршување на санкциите со внимание ги проследи објавите на електронските медиуми во кои партијата „Левица" бара од министерот за правда да го разреши директорот на КПУ Затвор Скопје - Филип Андов за наводно ангажирање на припадници на затворската полиција од Затворот Скопје и малтретирање на партиски член на прославата на државниот празник Илинден,Управата ја провери веродостојноста на наводите од текстот погоре, и побара информација од директорот на КПУ Затвор Скопје. Согласно добиените сознанија, Управата за извршување на санкциите демантира какво било организирано учество на припадници на затворската полиција во настанот кој се случил во Крушево. Припадниците на затворската полиција ги извршуваат своите работни задачи институционално т.е. во казнено-поправните установи каде се вработени и немаат никакви овластувања да постапуваат по ничија наредба надвор од затворскиот систем и поврзано со службените задачи, како и вон работното време. Доколку некој во приватно својство учествува во таков или сличен настан, не може обвинувањата да се упатат на кој било функционер кој раководи со институцијата и на сите припадници на затворската полиција , како и да се политизира настан кој нема таква позадина., се наведува во соопштението.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе