Давајќи му збор на Вучиќ, по кој зборуваше претседателката на Косово Вјоса Османи, претседавачката на седницата порача дека двајцата имаат три минути, според наводен договор кој претходно бил постигнат.
Претседателот на Србија негираше дека такво нешто било договорено, но кажа дека „нема врска“. Фразер му одговори дека било договорено, а Вучиќ ја прекина негирајќи: „Не, не е договорено“.
Фразер тогаш се налути, почна да тропа со рака по масата, наведувајќи дека е договорено и дека нејзината заменичка кажала дека е договорено. Истакна дека не дозволува нејзината заменичка да биде претставена како лажливка.
The UNSC President strongly rebukes Vucic.
She said Osmani & Vucic had agreed to 3 minutes each.
V: "That was not agreed."
P: "It was agreed."
V: "No, it was not agreed."
P: "My deputy just told me that she agreed with you.
I will not accept that she is made out to be a liar." pic.twitter.com/P8TjMbf8Tg— Admirim (@admirim) April 22, 2024
Седницата, покрај оваа сцена, ја обележа и присуството на повеќе непознати жени кои седеа зад косовската претседателка, за која кажа дека тие сведоци на злосторствата кои Србите ги вршеле на Косово.
Вучиќ протестираше поради присуството на овие жени, истакнувајќи дека тоа првпат се случува во Советот за безбедност.
„Вакво нешто првпат се случува во Советот за безбедност на ОН. Сте довеле луѓе кои не припаѓаат тука, ни во дипломатскиот тим, ни во советничкиот тим на госпоѓа Османи. Ова е политички театар и местенка за делегацијата на Србија“, кажа Вучиќ, истакнувајќи дека тој не можел да доведе Србинки силувани на Косово, затоа што потоа биле убивани.
Рускиот претставник Василиј Небензја истакна дека Османи нема право да носи тимови и делегации на седницата на Советот за безбедност, затоа што таа таму не претставува држава, туку е приватно лице.