КОАЛИЦИЈА СЗПМЗ

УКИМ се обврза да стави крај на дискриминаторските содржини во учебниците

По поднесени претставки до Народниот правобранител од Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници ректоратот на УКИМ прифати во Правилникот за организирање на издавачка дејност да биде внесена одредба со која се предвидува забрана за употреба на учебници доколку истите не се издадени во согласност со Уставот на РМ, законите и меѓународните договори и доколку истите содржат делови кои би можеле да предизвикаат повреда на еднаквоста и правата на сите граѓани врз сите основи.

Поднесените претставки до Народниот правобранител се однесуваат на дискриминаторски и вознемирувачки содржини кон ЛГБТ лицата, лицата кои употребуваат дроги и лицата кои живеат со ХИВ. Во учебниците „Социјална патологија“ од авторите Зоран Сулејманов и Нелко Стојановски, „Психологија на детството и адолесценцијата - развојна психологија I“, „Психологија на возрасните и стареењето - развојна психологја II“ и „Психологија на родот: родовиот идентитет и родовите улоги“ на авторката Олга Мурџева-Шкариќ, Народниот правобранител утврди дека „спорните текстови не се во склад и не соодветствуваат на сегашната домашна и меѓународна регулатива, односно дека истите се застарени, полни со предрасуди и стереотипи кои се неприфатливи за едно модерно и демократско општество“.

Ова значи и обврска за УКИМ да ги повлече од употреба сите учебници кои содржат дискриминација на која било основа, вклучително и сексуална ориентација, родов идентитет и здравствен статус, но и обврска понатаму да не се издаваат учебици со ваква содржина.

Коалицијата СЗПМЗ ја поздравува заложбата на Народниот правобранител и одлуката на Ректоратот на УКИМ за промена на Правилникот за организирање на издавачката дејност. „Бараме од Ректоратот на УКИМ, деканатите на факултетите на УКИМ и професорите во најскор можен рок да постапат согласно промените во Правилникот и да ги повлечат од употреба учебниците кои содржат дискриминација по која било основа, со што конечно ќе стават крај на дискриминаторските содржини во високото образование и ќе придонесат кон поквалитетно образование кое ќе промовира почитување на различностите и на човековите права, наместо истите да ги загрозува“, соопштија од Коалицијата СЗПМЗ.

Доколку и се избере влада на РМ без формално определен мандатор Уставниот суд на РМ нема да има правна можност за никаква интервенција.

повеќе

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе