Убедливо победивме во Маврово-Ростуше, ова е моја прва изборна победа, изјави премиерот

Со 3.238 наспроти 1.900 гласови, кандидатот на СДСМ, Медат Куртовски го победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Мевмед Џафери за градоначалник на Маврово и Ростуше, изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечера во Ростуше каде веќе приврзаниците на коалицијата на СДСМ слават победа. Тој нагласи дека тоа е негова прва изборна победа откако е претседател на Владата.

Премиерот оцени дека изборите поминале во демократска и достоинствена атмосфера, а граѓаните својот глас го дале за Куртовски бидејќи сакаат општината да оди напред.

„Маврово и Ростуше масовно и достоинствено гласаа за Медат Куртовски и европската коалиција предводена од СДСМ. Тие 3.238 гласови, наспроти 1.900 гласови, се потврдата дека Медат одлично си ја врши својата работа последниве четири години и со уште поголем елан продолжува да ја води општината и во следните четири години, во интерес на граѓаните“, рече пред присутните премиерот.

Ковачевски оцени дека и противникот од ВМРО-ДПМНЕ во трката за градоначалник, дал придонес за демократските избори и порача дека од утре ќе треба сите заедно да градат успешна општина.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе