Уапсен дилер на кокаин и марихуана (ВИДЕО)

Полицијата приведе прилепчанец со живеалиште во скопската населба Драчево. Откриено било дека тој набавува поголеми количини на дрога која потоа ја препакувал во мали пакетчинња и улично ја продавал. За марихуана барал до 500 денари, а за пакетче кокаин 2.500 денари.

МВР информира дека полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи - Оддел за криминалистичка полиција, во координација со полициски службеници од ОСПО-САЕ Тигар, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(30) од Прилеп, со живеалиште во Скопје.

По спроведена истрага и преземени мерки и активности од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи - Оддел за криминалистичка полиција во координација на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје обезбедени се материјални докази дека лицето е инволвирано во продажба на наркотични дроги, велат од МВР и додаваат:

„ А.К. набавувал дрога, во својот дом во населба Драчево ја препакувал во помали пакувања подготвени за понатамошна улична продажба по што лично ја продавал на уживателите на дрога на територијата на Скопје по единечна цена од 300 до 500 денари за пакување марихуана, односно по 2.500 денари за пакување кокаин.

На 3 јуни по претходно обезбедена наредба за претрес на дом и други простории од страна на Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес во неговиот дом при што се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.

Во текот на денешниот ден од страна на Единица за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против А.К. по чл. 215 од Кривичниот законик“.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе