Прес-конференција

Тупанчевски по претресите во затворот: Ако денот по утрото се познава, мерките нема да бидат дисциплински

Посетата на Комитетот за превенција на тортура и нечовечко или понижувачко постапување ги поттикна надлежните да направат претрес во најголемиот затвор во државата, затворот во Идризово. По акцијата во која беше најдена голема количина на ножеви, мобилни телефони, дрога... на прес-конференција излегоа министерот за правда, Никола Тупанчевски и директорот на Управата за извршување на санкции, Маријан Спасовски. Министерот за правда посочи дека ако денот по утрото се познава за најдените предмети при претресот, ќе има пријави кои нема да бидат прекршочни. Ниту тој, ниту директорот не сакаа да зборуваат за оставки и за евентуална кривична одговорност на директорот на затворот и други одговорни лица.

„Забелешките беа дека не се најсјајни условите во затворите, а укажувањата беа дека треба да се интервенира во делот на затворскиот менаџмент, односно дека има лица кои се именувани, а не ги исполнуваат условите за таа позиција. Забелешката беше прифатена и веќе почнуваме да ги отстрануваме недостатоците. Се направи добра проценка и по укажување на Управата за извршување на санкции беше извршена акцијата во соработка со Обвинителството, МВР и Министерството за правда. Ако денот по утрото се познава, мерките нема да бидат од дисциплински карактер", изјави министерот за правда.

При претрес на 25 ќелии во затворот „Идризово" полицијата пронајде поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат во различни валути и апоени, педесетина мобилни телефони, компјутерска галантерија, 37 ножеви и повеќе други остри предмети, дрога во прашкаста, течна состојба и таблетки, како и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривични дела.

„Работиме на создавање оптимални услови за лица кои немаат 18 години, а требна да издржуваат казна, тоа да се направи во соодветни услови. Постои објект, кој во моментов се адаптира за таа цел за да биде ставен во функција“, додаде министерот Тупанчевски.

„Пред две-три недели бевме во посета, затоа што сакав и лично да се запознаам со состојбата на децата, така што и затворот, меѓутоа, и Управата за извршување санкции веќе имаше преземено одредена активност во однос на подобрување на нивните услови. Практично, имаше целосна физичка изолација, да немаат контакт со возрасните, меѓутоа не сум сигурен дека докрај е решен проблемот. Работиме и во таа насока да се обидеме не само за нив, туку да создадеме оптимални услови и за во иднина, доколку се појават лица кои немаат 18 години, а требна да издржуваат казна, тоа да се направи во соодветни услови“, рече Тупанчевски на прашање што се прави да се заштитат девојчињата од Волковија што се на привремен престој во затворот во Идризово.

На дополнително прашање за пријави од девојчињата дека добивале закани од затвореничките, министерот Тупанчевски повтори дека состојбата е подобрена, но не и целосно решена и дека како Министерство и УИС се обидуваат оптимално да реагираат.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе