Најава од министерот за правда пред владината седница

Тупанчевски ќе се обиде на Владата да ѝ предложи „бај-пас“ решение за „историските личности“

„Ќе се обидам и на седница на Влада да предложам решение – бајпасирање на состојбите до донесувањето на нов Закон за здруженија и фондации. Мојот предлог би бил да се формира ад – хок тело, меѓуресорско, експертско, кое ќе дава мислење за карактерот на историските личности,односно на начинот на кој што ќе се формираат или ќе дадат мислење за давање на согласност", изјави министерот за правда Никола Тупанчески во врска со проблемот на регистрирани здруженија кои носат имиња на бугарски фашистички соработници.

Министерот смета дека треба да се формира меѓуресорска група како преодно решение која ќе дава мислење за историските личности во процесот на регистрација на здруженијата.

„Тоа што во меѓувреме би требало да се направи, според мене како министер за правда, е да се превенира во однос на спречувањето на состојбите“, рече Тупанчевски.

Министерот смета дека треба да се формира меѓуресорска група како преодно решение која ќе дава мислење за историските личности во процесот на регистрација на здруженијата.

„Тоа што во меѓувреме би требало да се направи, според мене како министер за правда, е да се превенира во однос на спречувањето на состојбите", рече Тупанчевски.

Министерството за правда пред една недела најави состанок на Работната група на кој ќе се дискутира за нов Закон за здруженија и фондации, откако изминатиот период во јавноста се отвори прашањето за издавањето на дозовли за регистрирање на здруженија со спорни имиња на историски личности.

„Целта на овие измени на законот е подобрување на правната рамка во делот на одредбите кои се однесуваат на статусот на организацијата од јавен интерес, регистрација на граѓански организации, дефинирање на статус на непрофитни организации како и начинот на нивно финансирање. Постојната правна рамка, со внимателно повикување на судската пракса на Европскиот суд за човекови права е доволна за надлежните институции, ако се доведе во прашање називот на организацијата со одредена контроверзна историска личност, да ги следат и оценат суштински како програмските така и дејствијата на организацијата и нејзините членови пред да донесат каква било одлука за забрана на упис или забрана за дејствување", соопштија од Министерството за правда.

Во однос на измените во Законот за извршување на санкции, министерот за правда истакна дека и понатаму е со истиот став, односно мора да се превенира и истовремено да се прецизира одредбата и на кој начин ќе се издржува казна затвор.

„Сегашното решение е решение што го има во уште многу држави во Европа и светот, меѓутоа она на кое што треба да се посвети посебно внимание е да не се злоупотреби одредбата што во принцип е добра меѓутоа и покрај тоа што е на линија на компаративни решенија кај нас имаме негативни консенквенци“, додаде тој.

Прашањето со „затворскиот туризам" и користењето на правната можност за издржување на затворските казни во Затворот во Струга, кој е од отворен тип, во јавноста беше отворено откако поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков и бизнисменот Орце Камчев, ги променија адресите на живеење во Охрид и со тоа создадоа правна основа за отслужување на затворските казни во овој затвор. Мијалков, кој склучи спогодба со обвинителството за непријавен имот во случајот „Империја" и доби тригодишна затворска казна, вчера се пријави во затворот во Струга за нејзино отслужување.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе