Трипуновски: Не смее да се дозволи извоз на брашно

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, коментирајќи ја одлуката на Министертсвото за економија донесена денеска по средбата со мелничарите, на својот фејсбук профил напиша дека извоз на брашно не смее да се дозволи.

„Во ек на коронавирус, кога сите држави воведуваат рестриктивни мерки за извоз со цел обезбедување доволно храна и други намирници кои се потребни за непреченото функционирање на животот на граѓаните, без тие да ги трпат негативните ефекти како недостаток на намирници и покачени цени, нашата влада сака да ја укине забраната за извоз на брашно. Внимавајте, Македонија не може од сопствено производство на пченица да ги задоволи ниту сопствените потреби за лебно зрно и брашно, а сега во ек на криза сакаме да извезуваме брашно“, наведува Трипуновски.

Според него, нормално е поедини-трговци во борба за денар повеќе да сакаат да продаваат надвор, но ненормално е државата тоа да го дозволи. Обврска на Владата е да го заштити домашниот пазар.

„Зошто не смее да се дозволи извоз на брашно: 1. Македонија е држава која и сама увезува пченица за задоволување на сопствените потреби. Никој не знае каква ќе биде реколтата годинава, ниту во нашата држава, ниту во светот. Секое зрно е важно. 2. Може да се јави забрана за увоз на пченица, со што ќе нема како да се произведе брашно за македонскиот пазар и 3. Големиот извоз ќе предизвика намалување на домашните залихи и поскапување на цените“ пишува дополнителниот заменик-министер. 

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе