„Владата и Министерството за труд и социјална политика продолжуваат со поддршката на претставниците на Сојузот на борци и во новото модерно и современо општество, затоа што значењето на борците од НОБ е големо и тој период останува да биде еден од најзначајните периоди во историјата на државата", се вели во соопштението од средбата.
Тренчевска нагласила дека станува збор и за поддршка во негувањето на традициите, одбележувањето на светлите датуми од Народноослободителната војна и зачувување на споменот на борците.