Трајанов: Уставниот суд да поништи одредби од Изборниот законик што фаворизираат само 4 партии

Претседателот на Демократски сојуз и пратеник, Павле Трајанов до Уставниот суд достави иницијатива со која бара укинување на одредби од Изборниот законик со кои им се овозможува системска /монополска положба на четири партии (СДСМ, ВМРО -ДПМНЕ, ДУИ И Алијанса за Албанците), при изборните процеси.

Според Изборниот законик, 90% од медиумскиот простор за финансирање припаѓа на овие партии, како и финансиските средства за изборната кампања и рекламниот простор за билборди, паноа и сл. Во изјава за медиумите Трајанов наведе пример дека од девет минути дополнително време за медиумско претставување, осум припаѓаат на четирите партии, а само една минута за сите други партии и независни листи.

„Со овие одредби четирите партии си обезбедуваат огромна предност за преставување на своите програми и кандидати за пратеници, градоначалници, советници или претседател на државата. Со овие одредби се крши Уставното начело за еднаквост на партиите при настап на изборите“, рече Трајанов.

Тој потсетува дека во член 75 став 2 од Изборниот закон стои дека: „Учесниците во изборната кампања имаат право на рамноправен пристап и под еднакви услови да ги користат сите видови на политичка пропаганда, известување и други облици на пропаганда чија цел е да се влијае на одлуката на избирачите при гласањето“, но со истиот закон се руши ваквиот став и се предвидуваат фаворизирачки решенија за четирите партии, две од позиција, две од опозиција кои на последните парламентарни избори освоиле најмногу гласови.

„Ваквата системска предност спречува другите партии да ги претстават пред граѓаните своите програми и да можат граѓаните да донесат одлука за кого ќе гласаат.

Очекуваме Уставниот суд оспорените одредби да ги укине, со што сите партии и независни листи и кандидати ќе имаат еднакви шанси за победа на изборите“, вели Трајанов.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе