По пристигнувањето на американски истражители

Првични реакции: Се создава клима за борба против тешкиот криминал

Секоја активност што ќе помогне во борбата против корупцијата е добредојдена, е првичната реакција на дел од политичарите и функционерите откако денеска американската амбасадорка Анџела Агелер на својот твитер-профил информираше дека во Македонија е пристигнат тим од САД кој ќе ја истражува корумпираноста на поранешни и актуелни македонски функционери.

Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска вели дека ќе треба да се запознае со деталите, но сепак го поздрави доаѓањето на истражителите.

„Ја поздравуваме секоја активност што ќе помогне во борбата против корупцијата", изјави за МКД.мк, Ивановска.

Лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов вели дека идејата за борбата против тешките облици за криминал постои уште од 2005 година. Смета дека сега се создава клима за реализација на иницијативата.

„Со доаѓањето на истражителите се надевам дека нешто ќе се смени. Во таа насока е и предлог-законот за борба против тежок облик на криминал и корупција но чекам погодна прилика да го пуштам во собраниска процедура. Но ниту СДСМ ниту ВМРО-ДПМНЕ не сакаа да го донесат“, изјави за МКД.мк Трајанов.

Тој додава дека се создаваат поповолни околности овој предлог-закон да биде ставен пред Собранието.

„Суштината на предлогот е да се формира Агенција на чело со директор со мандат од седум години кој ќе го бира посебен Борд составен од пратеници, обвинители, универзитетски професори, новинари и невладини организации. Агенцијата ќе работи исклучиво на откривање на тежок криминал, ќе има право да презема случаи од други институции ако е потребно и ќе ги координира сите седум институции што гонат организиран криминал. Ќе бидат потребни 30 до 40 најискусни луѓе кои ќе бидат преземени од други институции. Пари ќе бидат обезбедени од оние кои сега седат дома а земаат плата", вели Трајанов

Го поздравуваме интензивирањето на американската борба против корупцијата во Западен Балкан и особено во земјава, е првичната реакција на Алијанса за Албанците на барањето на МКД.мк за партиски став.

„Денешната мисија ја покажува решеноста на американската администрација да ја отстрани оваа чума што го поткопува развојот на нашите држави и иднината на нашата младина во земјава. Вметнувањето на Груевски и Мијалков во американскиот список за санкции беше констатација за фактичката состојба на терен, бидејќи против нив има правосилни решенија за корупциски дела“, велат од Алијанса за Албанците.

Од партијата очекуваат на списокот да се додадат и други корумпирани актери. „Тоа се актери коишто сѐ уште се политички активни и недопирливи за правдата во државата бидејќи токму тие ги контролираат судиите и обвинителите. За почеток, новата листа логично треба да ги содржи имињата на политичарите инволвираните во случајот 'Маѓар Телеком“ против кои Комисијата на американската берза донесе полноправно кривично решение", велат од Алијанса за Албанците. 

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе