Лидерот на ДС предлага собраниски заклучоци

Трајанов: Експертска проверка на пописните резултати и изоставување на дијаспората

Тие што живеат во странство не можат да бидат дел од вкупното население на Македонија, вели лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов. Тој бара експерти да ги проверат пописните резултати и предлага парламентот да усвои заклучоци кои ќе значат и измена на законската регулатива за пописот на населението и изоставање на нерезидентното население.

Лидерот на партијата Трајанов вели дека направиле целосна анализа на пописните резултати, потсетува дека имаше и повици за бојкот и скриена кампања против пописот, потсетува дека политички претставници на Албанците агитираа меѓу дијаспората, конечно и дека сега во јавноста постои недоверба кон објавените резултати.

„По објавувањето на резултатите од пописот свои коментари, ставови и оценки дадоа голем број партии, невладини организации, експерти, медиумите, како и поединци при што во основа негативните ставови се однесуваа на пописот на нерезидентното население и неговото вклучување во вкупното население, големиот број непопишани лица кои живееат во Република Северна Македонија, но посебно за оние во странство - нерезидентното население“, вели тој.

Трајанов нагласува дека посебно индикативни се информациите дека обработувачите на податоците од Државниот завод за статистика се соочиле со проблеми околу резидентни и нерезидентни лица за кои било тешко да се утврди во која група припаѓаат, при што имало процес на дополнителни проверки преку постојните евиденции (кои не се на високо оперативно ниво), но сепак се вградени во групата на резидентни лица. Според непотврдени информации, рече, се работи за околу 50.000 лица.

„Граѓаните искажуваат недоверба во објавените податоци и генералната оценка е дека пописот не е одраз на реалните состојби, при што се зголеми и недовербата кон институциите и власта во целина. Според податоците од Министерството за внатрешни работи, Република Северна Македонија има 2.560.000 државјани и ако се попишани 1.836.713 лица - резиденти, како и 260.606 лица- нерезидентни, остануваат 462.681 лица непопишани. Поради фактот дека не се попишани речиси две третини од нашите државјани во странство (попишувањето беше доброволно), податоците од пописот за нерезидентното население даваат сосема погрешна слика за етничката или религиската припадност на државјаните на Република Северна Македонија кои живеат надвор од земјата и одредени политички партии ги користат за етничко пребројување и мајоризација кога од вкупниот број попишани вадат проценти за бројот на Македонци, Албанци итн“, нагласува Трајанов.

Тој потсетува дека е повеќе од јасно дека граѓаните не треба да се делат по национална, јазична или верска основа, меѓутоа, нагласува, со Уставот и законите согласно Охридскиот рамковен договор, дефинирани се права на етничките заедници кои зависат од процентуалната застапеност во вкупниот број на население, односно согласно амандман VI, точка 1 на Уставот, соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа, поради што е битна и ваквата каректеристика.

„Инаку, досега во пописите немало законска (или искуствена) основа за попис на нерезидентно население, ниту пак негово вклучување во вкупното население, со што се градат поинакви соодноси помеѓу етничките заедници, а со тоа се нарушува и соодветната и правична застапеност во јавната администрација и власта, двојното гласање (Бадентер), балансерот при вработување и слично.

Не се најдени ниту споредбени искуства од пописите во други држави, каде пописот се врши за вкупно (резидентно и нерезидентно) население, туку само за резидентно население. 

Овие податоци, за резидентното и нерезидентното население, ако не се раздвојат, не може да се споредуваат со претходните пописи, ниту пак да се планираат стратегии за развој во различни области, ниту пак за научни цели, а уште помалку за остварување на права според етничката припадност“, нагласува Павле Трајанов.

Лидерот на ДС предлага Собранието на Македонија да ги донесе следните
предлог заклучоци:

1. Да се донесат измени и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, со кои од пописот ќе се изостават нерезидентите.

2. Преку вкрстување на податоците од евиденциите, но и со директен контакт со лицата кои не се попишале, да се соберат податоците согласно прашалникот за попис.

3. Владата на Република Северна Македонија да формира Експертска комисија составена од девет члена, која во соработка со Државниот завод за статистика и другите државни институции ќе ги провери податоците од пописот и ќе ги отстрани евентуалните грешки.

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе