Академикот чека црно на бело од лустраторите

Томе Серафимовски: Никогаш не сум бил функционер, јас сум скулптор!

Нема да ја коментирам одлуката сè додека Комисијата за лустрација не ми го даде решението со кое ме прогласила за соработник на тајната полиција. Јас никогаш не сум бил функционер, јас сум скулптор и цел живот тоа го работам", ни рече кратко академикот Серафимовски.

 

Академикот Томе Серафимовски ќе се воздржи од какви било коментари на одлуката на Комисијата за верификација на фактите според која беше прогласен за соработник на тајните служби сè додека не добие официјален документ. Комисијата за лустрација вчера, како што изјавија врз основа на факти и документи, утврдила дека овој познат македонски скулптор соработувал со тајната полиција.

„Нема да ја коментирам одлуката сè додека Комисијата за лустрација не ми го даде решението со кое ме прогласила за соработник на тајната полиција. Јас никогаш не сум бил функционер, јас сум скулптор и цел живот тоа го работам“, ни рече кратко академикот Серафимовски.

Лустраторите на вчерашната седница за соработник на тајната полиција го прогласија и поранешниот началник на ДБК Слободан Богоевски. На седницата се дискутирало и за досието на академикот Божин Павловски, но одлучувањето било одложено.

По завршување на седницата реагираше Чедомир Дамјановски, член на Комисијата според кого вчерашните одлуки се незаконски затоа што немало ниту факти, ниту пак докази дека овие лица од идеолошки причини соработувало со безбедносните служби.


 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе