Државна изборна комисија

ТМРО пред ДИК ја оспори победата на Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане

ТМРО го оспорува резултатот од изборите во Старо Нагоричане каде во вториот круг кандидатката на СДСМ за свој втор мандат Жаклина Јовановска доби 260 гласови повеќе од противкандатот Власте Димковиќ од ТМРО. Партијата поднесе приговори за седум избирачки места.

Заклучно со 10 часот денеска, до Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени седум приговори од политичка партија ТМРО.

Како што информира ДИК, приговорите се однесуваат на постапката за сумирање и утврдување на резултатите во избирачките места 1156, 1178, 1157, 1182, 1183, 1176 и 1181 во општина Старо Нагоричане.

Рокот за поднесување приговори за вториот изборен круг од локалните избори, што се одржа завчера, истекува утре во 14 часот, информира претседателот на ДИК Александар Даштевски.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе