Изјава на генералниот секретар на Алијанса за Албанците

Таравари: СДСМ е нестабилна поради фракциите, Влада со Алтернатива нема долго да трае

СДСМ е нестабилна поради фракциите во неа, има и неисполнети ветувања како кон граѓаните, така и внатре во владејачката коалиција, ако Алтернатива влезе во таа Влада, тоа ќе биде нивна одлука, но сметам дека таа Влада нема долго да трае и оти идната година ќе биде изборна, изјави генералниот секретар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, пред епилогот од денешната средба меѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши.

„Пред година и пол излеговме со господинот Гаши на парламентарни избори и добивме гласови од граѓаните против политиките на ДУИ. Договорот беше потпишан за четири години и секако, тие не мора да се придржуваат до договорот. Нивна работа е каква одлука ќе донесат и таа одлука Алијанса за Албанците ќе ја почитува. Но сепак, сметам дека доколку влезат во влада, таа влада нема да биде одржлива, бидејќи има нестабилност во СДСМ. Таму владеат фракции и има многу неисполнети ветувања кон коалициските партнери. Според моето мислење,  2022  година ќе биде изборна“, рече Таравари.

Тој рече дека како коалиција на изборите Алијанса за Албанците и Алтернатива добиле околу 82 илјади гласови.

Таравари изјавата ја даде по средбата со шефот на мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која одржана во зградата на Општина Гостивар, каде генералниот секретар на Алијанса за Албанците е градоначалник. Меѓу другото, било разговарано и за конкретни проекти за унапредување на животот во локалната заедница од значење за евро - интегративниот капацитет на земјава.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе