Изјава на в.д. претседателот на Алијанса за Албанците

Taравари: Распадот на ДУИ е во тек, ќе се случи наскоро

Не би сакал да коментирам внатрешни односи во друга партија, но таму распадот е започнат, тече и наскоро ќе заврши, вака оговори вршителот на должноста претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, на новинарско прашање како ги коментира случувањата во ДУИ, откако „огнена група“ од поранешни високи функционери на таа партија преку отворено писмо побара од Али Ахмети разрешување на Артан Груби и враќање на единството во партијата. Таравари не одговори конкретно дали би влегла Алијанса за Албанците во Владата.

Taравари и доскорешниот претседател Зијадин Села

Досега не сме разговарале за таква опција, доколку ни биде понудено, секако дека ќе ја разгледаме. Алијанса за Албанците не ни била досега член на Владата и немаме размислувано на таа тема. Сега сме фокусирани на реорганизација на партијата. Често сме на терен, разговараме и ги слушаме активистите, симпатизерите, граѓаните, изјави Таравари.

Легенда под Главна слика

Taравари и доскорешниот претседател Зијадин Села

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе