Taравари изјави дека Заев и неговите нуделе куфер пари на пратеници, кабинетот на премиерот демантира

Градоначалникот на општина Гостивар и генерален секретар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари вечерва на ТВ Сител изјави дека премиерот Зоран Заев им нуди пари на пратениците. Од кабинетот на премиерот Зоран Заев најостро демантира тој или кој било друг по негова насока нудел пари на пратеници.

„Нашата пратеничка група е компактна, а имало знаеме дека господинот Заев со пари им се приближува на повеќе пратеници и ова е јавна тајна и тоа сите го знаат, им предлага да им даде одредена сума на пари, за да преминат, но нашите пратеници се одлучни и знаат дека нашата цел е подобро утре за сите, а не да се биде дел од криминалци и корумпирана влада“, рече Таравари и додаде дека на пратеничка од нивната пратеничка група директно тој и негови другари и други луѓе ѝ нуделе пари, но таа одбила, а јавна тајна е дека власта се шета со куфер со пари за поткуп на пратеници.

„Во ваква држава каде се обезбедува потписи од 61 пратеник за три часа, и во меѓувреме се гласа доверба на влада каде недостасува еден пратеник, а цела држава и неговото семејство се загрижени за него, а спокојни се премиерот, министерот за внатрешни работи и ДУИ, спокојни како ништо да не било, како да е нормално еден пратеник еден ден да исчезне и никој да не знае каде е, во ненормална држава вакви работи се стандардни“, вели Таравари.

Тој критикуваше дека граѓаните и јавноста во оваа држава се уште не знаат каде се однесоа милион ипол евра од Боки 13, во Мавровска се градеше објект без дозвола не се знаеше кој е сопственикот, па два месеци не се знаеше кој треба да го урне овој објект, на крај господинот Ахмети отиде и испи кафе таму“, вели Таравари и појасни дека во оваа држава никој не им верува на институциите.

„За оваа груба манипулација, лага и клевета ќе бидат преземени сите правни дејства низ правосудните институции доколку господинот Таравари веднаш јавно не ја повлече изнесената клевета и доколку јавно не се извини“, се вели во владиното соопштение.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе