Изјава на потпретседателот на Алијанса за Албанците

Таравари: Францускиот предлог е завршена работа, ама ќе размислиме за уставните измени

Потпретседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари изјави дека усојувањето на францускиот предлог е завршена работа, но најави дека кога ќе дојде време за уставни измени со цел внесување на Бугарите, дека партијата ќе бара укинување на 20-те проценти за официјална употреба на албанскиот јазик во земјава. Сепак, вели, дотогаш ќе видиме како ќе одат работите.

„И лидерот на македонската опозиција Христијан Мицкоски неколку пати потенцираше дека нема проблем со симнување на 20-те проценти, доколку има согласност и секако дека ние ќе одлучуваме. Не велам дека тоа треба да биде услов, но ќе видиме како работите ќе се развиваат. Според тоа, ќе донесеме одлука, но мислам дека на секој начин ќе инсистираме да се отвори Уставот и да се тргнат тие 20 проценти", рече Таравари.

Според Таравари, загрижува фактот што нема консензус во македонските партии, но сепак верува дека уставните измени ќе се направат наскоро.

„Проблем ќе биде да се соберат 81 глас за уставни измени, како во поглед на внесување на Бугарите, така и за тие 20 проценти што ги бараме во однос на албанскиот јазик. Но верувам дека и тие прашања ќе се решат“, додаде потпретседателот на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари.

Инаку, со ист став во однос на укинувањето на ограничувањата за официјална употреба на албанскиот јазик се и Движењето Беса како и Алтернатива која е партија од владејачката коалиција.

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе