Предвремени парламентарни избори

Тачи: Насер Зибери е терорист од 1997 година во Гостивар и Тетово

Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи на вчерашната средба со граѓани во Гостивар изразил уверување дека опцијата на неговата партија ќе победи на парламентарните избори закажани на 15 јули.

Тачи, како што пренесува МИА, го коментирал и кандидатот за премиер од Демократската унија за интеграција Насер Зибери, кого го нарече терорист.

„Што го поврзува Али Ахмети со Насер Зибери? Југославија и национализмот на Насер Зибери. Насер Зибери е терорист од 1997 година од Гостивар и Тетово. Тој беше вицепремиер, кога државата тогаш убиваше со оружје и насилство, тепаше, малтретираше, затвори многу луѓе и ова е најсилниот аргумент дека овие двајца луѓе се поврзани со истата цел, доаѓаат од истиот извор и ние овие двајца ќе ги разделиме“, изјавил тој.

Тачи додал дека тој и неговата партија не се откажуваат од нивниот план за дводомен парламент.

„Дводомниот парламент е прва понуда. Дводомен парламент, кој ќе биде правно-уставен гарант дека Албанците повеќе нема да бидат надгласани и мајоризирани“, вели тој.

 

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе