ИСТРАГА

Судијката Поп Стефанија ги прогласила незаконски претресите во домот на Грујовски, СЈО поднесе жалба

Судијката Александра Поп Стефанија донела решение со кое ги прогласила за незаконски претресите што ги извршило Специјалното јавно обвинителство во домот на Горан Грујовски од УБК, бидејќи не било обезбедено неговото присуство, објави порталот Сведок. 

Поп Стефанија ја прифатила жалбата на началникот од УБК, осомничен за уништување на опремата и доказите во врска со прислушувањето и одлучила дека претресите направени во неговиот дом се незаконски, бидејќи СЈО не го обезбедило неговото присуство.

Претресите биле направени додека Горан Грујовски беше во  притвор со решение на судија на претходна постапка на Кривичниот суд.

Според неофицијалните информации, СЈО веќе поднело жалба на решението на судијката.

Од СЈО потврдуваат дека решението на судијката Поп Стефанија е од 1 февруари, но во СЈО  пристигнало на 13 февруари. 

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе

Ако државата е заробена, а институциите не работат - мислам дека е потребно да се употреби сценариото како со АВНОЈ и АСНОМ во Втората светска војна.

повеќе