„Стоп за грабежот“ бара проверка на судиите и враќање на извршителите во судот

Неформалното здружение на граѓани „Стоп за грабежот“ денеска на прес-конференција побара повторно извршителите да се вратат во рамки на судот.  На тој начин, како што велат, ќе имаме поправични судења и поправични процеси и ќе дојдеме повеќе до правда. Истовремено бараат и ветинг на судиите.

„Бараме ветинг на судиите затоа што во самата судска власт имаме криминални судии. Имаме и во Судскиот совет, кој формално постои и не ги надгледува судиите, односно не си ја работи работата. Тоа е сѐ формално. Судиите и во Основен 1 и Основен 2, Судскиот совет, обвинителите и Советот на обвинителите не си ја работат работата“, изјави Ана Глигорова, член на „Стоп за грабежот“, коешто организираше и протестен марш од пред Министерството за правда до комплексот судови.

Горан Новаковски од здружението, пак, рече дека пријавил 213 судии, пред сѐ до Американската амбасада. Тој побара Републичкиот судски совет да закаже јавна седница за претставката што ја доставил за работењето на судиите. Врз основа на неговата претставка, како што рече, поднеле иницијатива за измена на Законот за судии и обвинители до Адвокатска комора и до Министерството за правда.

„Со овие претставки што ги поднесувам секаде и до Министерството за правда сакам директно да ги посочам тогашните врховни судии, ‘сваровски судии‘, криминалци судии коишто ни носат две дијаметрално спротивни ревизии. Првата во 2011, а втората во 2013 по нарачка, се сомневам од бившиот диктаторско-рекетарски режим на чело со Груевски, Мијалков, Латас, преку Филимена и Михајло Маневски. Претпоставувам таму се јавиле во Врховен суд кај Јово Вангеловски тогаш и директно ги посочувам судиите, тогашни врховни судии Киро Здравев, којшто моментално е претседател на Републички судски совет, Николче Николовски, Емилија Блажевска, Мирјана Радева Стевкова, Сафет Алиу и Џемали Саити. Врз основа на оваа претставка на која до ден денес не ми е одговорено барам јавно да се закаже седница на Републички судски совет и да се расправа по мојата претставка, бидејќи сакам да биде запознаена целата јавност, рече Новаковски.

МИА

 

 

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе