Како што соопштија од Кинотеката, овие филмови се, пред сè, избрани поради своите „сличности и паралели“ во тематиките, како и во нивната филмска обработка и пристап.
„Но, исто така, битно е да се истакне и дека ‘Црвените булки на ѕидовите’ неодамна е дигитализиран во 4К резолуција, а ‘Големата вода’ оваа година го прославува дваесетгодишниот јубилеј од својата премиера. И, се разбира, дека филмот ‘400 удари’ на Трифо, според францускиот филмски магазин ‘Cahiers du cinema’ (Каје де Синема) е повеќе од ремек-дело и станува збор за еден од најaмблематичните филмови во поствоениот период на француската филмска продукција“, потенцираат од Кинотека.