Реакција

Стоилковиќ: Пендаровски и Заев не изразија сочувство по смртта на патријархот Иринеј

Изразување сочувство е дел од домашното воспитување и општествена норма која треба да се почитува, особено ако сте носител на одговорна функција во една држава. Срамно е однесувањето на Стево Пендаровски и Зоран Заев кои не испратија телеграма со сочувство по повод смртта на српскиот патријарх Иринеј, вели во својата фејсбук-порака пратеникот Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија.

Стоилковиќ потсети дека досега телеграми со сочувство испратија и Путин и Помпео и Макрон и уште многу други политички лидери.

„Сведоци сме дека претходното раководство не само што не се двоумеше да испрати сочувство, туку тогашниот претседател Иванов и лично присуствуваше на погребот на патријархот Павле“, напиша Стоилковиќ.

 

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе