Врие во ЈСП

ССМ бара кривични пријави за Арсовска и Стојковски

Сојузот на сидикати на Македонија (ССМ) бара од Град Скопје да поднесе кривични пријави против Градоначалничката Данела Арсовска и в.д Директорот на ЈСП, Александар Стојковски а во врска со неисплатените плати на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП).

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и в.д Директорот на ЈСП Александар Стојковски оставија повеќе од 1.000 семејства на вработените во ЈСП да трпат за леб, а за прв пат ги оставија скопјани без јавен превоз, реагираат денеска од ССМ.

„Град Скопје да поднесе кривични пријави против Градоначалничката Данела Арсовска и в.д Директорот на ЈСП, Александар Стојковски по член 166 од Кривичниот законик кој покрај другото предвидува дека тој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор, за засновање или престанок на работниот однос, за платата и надоместоците на платата итн., ќе се казни со парична казна или со затвор до една година" и да не дозволат и да ги оставаат работниците сами да се справуваат со нив", пишува во дел од реакцијата на ССМ.

Од ССМ порачуваат дека мнозинството од вработените во ЈСП нема да ги попречат Арсовска и Стојковски ако тие лично сакаат да возат и дека сите возачи ќе ги чекаат во базите на претпријатието.

Вработените во ЈСП од вчера стапија во штрајк поради неисплатени плати.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе