ОБРАЗОВАНИЕ

Средношколците сè уште во бојкот – министерот ги бојкотира нив

Средношколците од Скопје, Тетово, Куманово, Охрид, Велес, Битола, Прилеп, Струмица... и денеска го продолжуваат бојкотот на наставата. И утрово во повеќе средни училишта во целата земја нема настава. Од Министерството за образование иако ветија, и натаму одбиваат да се сретнат со нив и да ги слушнат нивните барања.

Од Средношколскиот пленум велат дека се разочарани од игнорантскиот однос на надлежните и велат дека штом почнат преговорите со нив тие времено ќе го прекинат бојкотот.

За нив екстерното тестирање и државната матура, како и начинот на нивното спроведување не се реализираат на соодветен начин за проверка на нивното знаење.

Народниот правобранител Иџет Мемети побара од ресорниот министер да се сретне до претставници на Средношколскиот пленум и да ги слушне нивните барања.

И покрај игнорантскиот однос на МОН, нашата борба продолжува сè додека не се исполнат нашите барања“, порачуваат од Средношколскиот пленум.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе