Средба Пендаровски-Мишел: Разговараа за европското досие на Македонија

Вечерва во Охрид претседателот Стево Пендаровски оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој е во посета на Македонија како дел од неговата регионална турнеја во земјите од Западен Балкан.

Во пресрет на јунскиот Самит на ЕУ на кој му претходи лидерскиот состанок на Европската Унија – Западен Балкан, претседателите разговараа за европското досие на Македонија, предизвиците и можните модалитети за нивно надминување. Тие се осврнаа и на воената руска агресија во Украина, можните безбедносни закани во регионот и пошироко, како и на справувањето со економските предизвици соочени со ефектите од здравствената и енергетска криза.

Истовремено, двајцата претседатели разменија мислења за најновите идеи за создавање „Европска геополитичка заедница", при што од страна на претседателот Пендаровски беше потенцирано дека секоја идеја која ќе обезбеди продлабочена оперативна соработка за справување со заедничките предизвици и интереси, како што се стабилноста и безбедноста на европскиот континент и која нема да биде замена на политиката на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан, е добредојдена.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе