Средба Османи-Блинкен: Нов исчекор на стратешкото партнерство меѓу двете земји

Во рамки на посетата на Вашингтон, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба со државниот секретар, Ентони Блинкен.

На средбата беше изразено задоволство од денешното одржување на Стратешки дијалог меѓу Македонија и САД, што претставува нов исчекор во билатералните односи и надградба на стратешкото партнерство меѓу двете земји.

„Нам ни претставува посебна чест што Северна Македонија е прва земја од Западен Балкан која одржува стратешки дијалог со САД, значаен процес преку кој се продлабочува нашето стратешко партнерство и поконкретно се врамува нашата билатералната соработка. Ваквиот исчекор во билатералните односи е уште една потврда за силното пријателство и взаемниот интерес за зајакнување на сојузништвото меѓу двете земји," истакна Османи.

На средбата стана збор и за актуелните безбедносни состојби, при што беше изразена заедничка осуда на руската воена инвазија, како и силна поддршка и солидарност со Украина. Воедно, беше нагласено дека актуелните состојби налагаат нова динамика во евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, со што ќе се потврди кредибилноста на ЕУ и ќе се охрабрат процесите за надминување на разликите и помирување во Регионот.

„Процесот на проширување на ЕУ претставува безбедносно прашање, а европските перспективи на земјите од Западниот Балкан, и кредибилитетот на овој процес, од суштинска важност за регионалната и европската стабилност. Благодарни сме за силната американска поддршка за што поскоро започнување на процесот на преговори на Северна Македонија, што во моментов преставува и најдобриот начин да се зачува кредибилитетот на овие процеси," истакна Османи

На средбата, министерот Османи го поздрави партнерството меѓу Македонија и САД, особено во контекст на НАТО, истакнувајќи го притоа стратешкото партнерство меѓу двете земји, сега веќе надградено и со Стратешкиот дијалог, како еден од најважните столбови за долгорочната стабилност на Македонија, како и за нејзината демократска и цивилизациска надградба.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе