Средба на Ахмети со Касами: Да продолжиме со напорите за евроатлантскиот пат

 Али Ахмети, претседателот на ДУИ објави дека вчера остварил средба со претседателот на Беса, колацискиот партнер на СДСМ, Билал Касами.

„Со Касами го поздравивме завршувањето на предвремените парламентарни избори на 15 јули и заеднички ја прифативме позитивната оценка на меѓународната заедница, а особено ОБСЕ. За време на конструктивниот состанок, се согласивме да продолжиме со напорите за евроатлантскиот пат на земјата, како и на долгоочекуваните реформи кон владеење на правото, преку отвоврен и постојан дијалог“, напиша на социјалните мрежи Ахмети и посочи дека се надева на средба и со лидерите на другите партии од албанскиот блок.

Претходно Алијансата за Албанците и Алтернатива одбија средба со Ахмети, откако ДУИ побара поддршка за нивниот изборен проект прв премиер – Албанец. Средбата со Касами доаѓа откако вчера ДУИ ја промовираше албанската платформа кој исто така ја одбија Села и Гаши.

Државата Бугарија ги исцрта своите позиции, а државата Македонија не. Сега сме во финалната фаза – за овие прашања да зборуваат партиските водачи – Заев, Мицкоски, а поретко нивните статисти – пратениците и претседателот на Републиката.

повеќе

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе