Срамота е што Бугарија и Романија добија вето за влез Шенген зоната, смета ЛДП

ЛДП ја оценува како срамна одлуката на министрите за внатрешни работи на ЕУ да не им се даде зелено светло на Бугарија и Романија за влез во Шенген зоната, и покрај 11-те последователни позитивни извештаи на Европската комисија за исполнувањето на шенгенските критериуми, како и овогодишното позитивно гласање на Европскиот парламент. Партијата потсетува дека Македонија знае што значи давање на национални вета.

ЛДП ја поздравува одлуката на Европскиот совет за правда и внатрешни работи да го одобри членството на Хрватска во Шенген зоната од 1 јануари 2023. Им честитаме на пријателите и граѓаните на Хрватска за тоа што практично од Нова година ќе им се укинат копнените гранични контроли со Словенија и Унгарија, како и граничните контроли на хрватските поморски и воздушни пристаништа кон земјиште од Шенген.

За ЛДП тоа е одлична вест и доказ дека со напорна работа, особено во борбата со корупцијата и организираниот криминал, се постигнуваат посакуваните резултати за граѓаните.

„Посакуваме и повикуваме да работиме сите напорно што е можно побрзо Северна Македонија да се најде во друштво со Хрватска и Словенија“, нагласуваат од ЛДП.

Едновремено, ЛДП ја оценува како срамна одлуката на министрите за внатрешни работи на Унијата да не им се даде зелено светло на Бугарија и Романија за влез во Шенген зоната, и покрај 11-те последователни позитивни извештаи на Европската Комисија за исполнувањето од страна на двете на сите шенгенски критериуми, како и овогодишното позитивно гласање на Европскиот Парламент.

ЛДП ја осудува одлуката за употреба на национално вето, овој пат од страна на Австрија и Холандија за проширувањето на Шенген зоната, засновани на принципи кои се базираат на селективност и противречат на принципите за еднаквост и правичност во евалуацијата на европските критериуми.

„Македонските граѓани најдобро знаат што значи да се биде жртва на национални вета и покрај исполнувањето на сите критериуми поставени од страна на Европската Унија. Не посакуваме никој да биде жртва на ирационални вета кои најчесто се производ на предрасуди или национални изборни калкулации, а не на оценка на критериуми. Изразуваме целосна солидарност со соседите од Бугарија и Романија",  вели Татјана Гацова, членка на советот за меѓународни односи на ЛДП.

ЛДП апелираат за укинување на можноста на ставање на вето при носењето на одлуки во Европската Унија, вклучително и за процесот на пристапување во полноправно членство во Европската Унија. Во спротивно, и понатаму ќе се губи кредибилитетот на Унијата, како и функционалноста на европските институции. За да може да продолжи Европската Унија да се развива во служба на своите граѓани како прогресивен и силен глобален чинител, потребно е да се спроведат во најкус можен рок препораките на Конференцијата за иднината на Европа, која самата ЕУ ја организираше, а која предвидува гласање со квалификувано мнозинство наместо право на вето.

Од ЛДП ги повикуваат европските лидери наместо изборен популизам да покажат визионерство и лидерство и во согласност со усвоената политика на АЛДЕ веќе на наредниот Совет без понатамошни одлагања да го одобрат приемот на Бугарија и Романија во Шенген зоната.

Воедно, го повикуваат и Европскиот Совет без понатамошни одлагања на следниот самит да ѝ доделат на Босна и Херцеговина кандидатски статус за членство во Унијата, во надеж дека во наредната година кандидатски статус ќе му биде доделен и на Косово. Само со сплотеност на континентот можеме да го изградиме заедничкиот Европски дом.

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе